Tuesday, June 20, 2006

 

ВОДЕНА СПЕЛЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


Деновиве спелеолозите од СД „Пеони“ по којзнае кој пат влегуваа во најубавата водена пештера во Република Македонија, пештерата „Ѓоновица“.
Пештерата претставува редок варовнички феномен, пештера во која постојано тече подземен воден тек (подземна река).
Пештерата е добро позната кај месното население, а првите истражувања се правени во 50-тите години од првите спелеолози во Македонија, група географи од Географскиот факултет, од Природо-научниот музеј и професори по географија на чело со најголемиот геоморфолог во Македонија проф. др. Душан Манаковиќ.
Во 2000-та година спелеолозите Никола Ангелов и Михаил Октавијан Куијан со група француски спелеолози совладуваат сифон и продолжуваат во внатрешноста до 1200 метри, со што „Ѓоновица“ станува најдолгата водена пештера во Македонија.
Деновиве спелеолозите од СД „Пеони“ влегуваа во највисок водостој кој се сретнува во овој период од годината, истражувајќи што се случува со подземниот жив свет кога пештерата е исполнета со вода, посебно ендемитските видови кои се сретнуваат само во оваа пештера.

Текст: Жежовски Иван, претседател на СД „Пеони“
Фотографии: Ангелов Никола и Жежовски Иван
26.05.2006 год.



 

Страницата е во изградба


This page is powered by Blogger. Isn't yours?